Извлечени паровите за четвртфиналето од Копа дел Реј

Извлечени се паровите за четвртфиналето од шпанскиот Копа дел Реј. Најголемите ривали Барселона и Реал Мадрид се избегнаа во оваа фаза од натпреварувањето. Реал Мадрид ќе игра против Реал Сосиедад, додека Каталонците ќе гостуваат кај Атлетик Билбао.

Актуелниот куп освојувач Валенсија, ќе има тешко гостување кај Гранада, додека единствениот нисколигаш Мирандес ќе го пречека Вилјареал. Натпреварите ќе се одиграат во периодот од четвртти до шести февруари.

 

Се вчитува...