Извонреден меч во Кратово, три евро-гола и победа на Силекс со Вардар (ВИДЕО)

„Вардарци“ први ги шокираа домашните со водство од 0-1.

По корнерот од десната страна во 14. минута, извонредна реакција на дефанзивецот Ненад Мишковски пред голот на Силекс кој одлично со лизгачки старт од непосредна близина носи водство од 0-1 за Вардар…

Но, веќе во 20. минута израмнување на 1-1. Уште една одлична акција на Силекс, која на феноменален начин ја завршува Антонио Каланоски со прекрасен гол со глава од 12 метри.

Силекс дојде до пресврт од 2-1 во 27. минута повторно преку Каланоски.

Пенал беше досуден за Силекс во 26. минута откако Блажевски стартуваше врз Марко Ѓорѓиевски во гостинскиот шеснаесетник, па Каланоски беше изведувач на ударот од белата точка. Но, пеналот на Каланоски, голманот на Вардар, Филип Гачевски, убаво го брани за да на одбиената топка сепак Каланоски успешно реагира за водство од 2-1…

Во второто полувреме, поразот на Вардар и дефинитивно го запечати поранешниот „вардарец“ Виктор Серафимовски, кој потекнува од младинската школа на најтрофејниот македонски клуб.

Со вистински евро-погодок по шут од околу 25 метри, Серафимовски ги постави конечните 3-1.

Младиот Јусуфи во 89. минута со уште еден прекрасен гол на мечот, со лоб удар од левата страна успеа само да го ублажи поразот на Вардар, за конечни 3-2.

Се вчитува...