Извонредна Лина Ѓорческа: Македонката ја елиминираше третата носителка на турнирот во Белинцона, Кинеската Ванг

Извонреден настап на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на ВТА турнирот вреден 60.000 долари во Белинцона, Швајцарија.

Ѓорческа се пласираше во третото коло на турнирот откако ја елиминираше третата носителка, 20-годишната Кинеска Ксју Ванг, минатата година дел и од Топ 100 тенисерки во светот, а во моментов на 133. место на ВТА листата.

Одличен натпревар одигра Лина добивајќи го последниот трет сет за победа со неверојатни 6-0. Претходно, Кинеската го доби првиот сет со 3-6, но во вториот Ѓорческа возврати со 6-4, пред убедливиот трет сет.

 

Се вчитува...