Извонредна трка во Германија: Фетел со кикс на кариерата му го остави првото место на Хамилтон

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на патеката во Хокенхајм за Големата награда на Германија во извонредна трка, десетта од годинашниот Ф1 шампионат, со што го доби и првото место во генералниот пласман.

Хамилтон го искористи излетувањето на Фетел во 52. круг од трката и преземајќи ја првата позиција пред клупскиот колега Ботас успеа да ја задржи до самиот крај. Ботас се обиде и да го стигне Хамилтон, но не успеа во тоа.

Трката ја одбележа непредвидливото време и веројатно најголемиот кикс на Себастијан Фетел во кариерата, благодарение на што и Хамилтон стигна до триумфот. А, Британецот стартуваше од 14. место.

Фетел го имаше првоото место во трката се до 52. круг кога некако наивно излета. Па после тоа Мерцедес ја дочека тактичката грешка на Ферари кој дозволи Раиконен да го пушти Фетел на водечката позиција се до киксот.

На крајот Хамилтон триумфираше пред Ботас, а Кими Раиконен го освои третото место пред Макс Ферстапен. Петти заврши Хулкенберг, шести Грожан а во првите десет уште и Перез, Окон, Ериксон и Хартли.

Се вчитува...