Извонредниот Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Белград!

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски уште еднаш потврди зошто е еден од најнадежните македонски спортисти, со свои 19 години стигнувајќи до победата на силниот интернационален полумаратон во Белград, кој се одржува во рамките на 30. Белградски маратон.

Ивановски триумфираше на денешната полумаратонска трка, пред исклучително силната конкуренција, истрчувајќи ја патеката од 21,1 километар со време од еден часа, десет минути и една секунди (1:10.01), во конкуренција на околу 2.000 натпреварувачи пријавени за полумаратонот.

Колку за споредба, Ивановски минатата година заврши на четвртото место на полумаратонот во Белград, со време од 1:20.59 часа.

Втор на целта зад Ивановски мина српскиот маратонец Велимир Бојовиќ со време од 1:10.40, а трет беше Марко Ранковиќ од Србија со 1:11.57 часа.

Вториот македонски маратонец Милош Ранчиќ заврши на петтото место со време од 1:16.48, а Игор Јакимовски заврши на 10. место со време од 1:18.11 часа.

Се вчитува...