Извонредниот Леброн ги уништи Јокиќ и Денвер за финале за ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс славеа против Денвер со 117-107 за триумф од 4-1 во серијата од финалето во Западната конференција. На тој начин Лејкерс доминантно обезбедија финале во НБА лигата во битката за титулата.

Извонреден на мечот беше Леброн Џејмс со 38 поени, дополнети и со 16 скока и 10 асистенции. Ентони Дејвис постигна 27 поени, а од спротивната страна по 20 поени запишаа Џереми Грант и Никола Јокиќ, кој на тоа дополни и седум скока и шест асистенции.

„Езерџиите“ од самиот почеток го контролираа натпреварот со постојано водство во последните три четвртини. Денвер во финишот на третиот период успеа да израмни, но немаше сили за нешто повеќе.

Леброн Џејмс сега е четврти кошаркар во историјата кој десет пати во кариерата успеал да стигне до финале. Лејкерс својата 17. титула и прва по 2010 година ќе ја бараат против победникот од финалето на Истокот во кое Мајами води со 3-2 во серијата против Бостон.

Се вчитува...