Извонредно деби за Новевски во првиот тим на Војводина

Членот на репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години, Владан Новевски запиша извонредно деби во првиот тим на новосадска Војводина во шампионатот на Србија.

Иако со само 18 години, еден од најголемите македонски таленти, по одличните изданија во младинскиот состав на новосаѓани очекувано уште на стартот од новата сезона префрлен во првиот тим на Војводина дебитираше со убедлива победа од 4-1 на домашен терен против Рад. Новевски ги одигра последните 15 минути на мечот против Рад влегувајќи во игра на местото на стрелецот Петар Бојиќ. Имаше и одлична шанса, по прекрасна соло-акција, во последната минути дебито да го заокружи и со погодок, но сантиметри го делеа од запишување во листата на стрелците.

Со оваа победа, Војводина по 11 кола во Суперлигата на Србија се проби на втората позиција на табелата, со еден бод повеќе од белградски Партизан.

Се вчитува...