Ја преживеа несреќата на Чапекоенсе и повторно заигра фудбал

Алан Рушел е еден од малубројните што ја преживеаја страшната авионска несреќа во која минатата година животот го загубија 19 фудбалери на бразилскиот клуб Чапекоенсе. Тој целосно се опорави и 239 дена по несреќата, повторно заигра фудбал на пријателскиот натпревар против Ипиранга.

„Чувствувам возбуда во стомакот, се вратив“ – рече Рушел кој ќе заигра и на пријателскиот напревар против Барселона на 7 август.

Од останатите фудбалери што ја прежиеаја несреќата, на фудбалот ќе му се врати единствено уште Хелио Хермито Нето. Тој веќе тренира и од следната година повторно ќе може да заигра фудбал. За разлика од Нето и Рушел, на Џексон Фулман мораше да му биде ампутирана ногата, но и тој исто така ќе остане во фудбалот како дел од тренерскиот тим во клубот.

Во авионската несреќа што се случи на 28 ноември минатата година, имаше 71 жртва, меѓу кои беа и 19 фудбалери на бразилскиот клуб Чапекоенсе. Несреќата ја преживеаја само шестмина од патниците.

Се вчитува...