Ја заслужија радоста – Пехарот на ЛШ во рацете на Баерн Минхен (ФОТО)

Баерн Минхен е шампион на Европа. Во најчудната сезона која заврши со фајнал-ејт турнир во Лисабон, германскиот првак покажа тотална доминација. Почна сигурно уште во првата фаза и редеше победи до самиот крај. Најтешката пречка ја имаше токму во финалето, совладувајќи го Пари Сен Жермен со 1-0 со голот на Кингсли Коман.

Фантастичен беше Мануел Нојер на голот, непробојна беше одбраната, средниот ред претрча илјадници километри, нападот постигна неверојатно многу голови до самото финале. Роберт Левандовски со 15 гола е најдобар стрелец во ЛШ. Зад германската машина стои тивкиот Ханси Флик, кој се претвора во лав веднаш штом ќе почне натпреварот. Баварците дефинитивно ја заслужија радоста.

 

Се вчитува...