Јагањац недојден во Киелце се сели во Бундес-лигата

Халил Јагањац пред два месеци потпиша долгогодишен договор со Киелце, но хрватскиот „бомбардер“ нема да остане во редовите на полскиот првак.

Огромната конкуренција во бековската линија на Киелце придонесе тој да биде испратен на позајмица во Бундес-лигата, каде Јагањац ќе го носи дресот на Рајн-Некар Левен.

„Халил се развива добро, но искуството што ќе го стекне во Бундес-лигата ќе биде многу важно за него во иднина. Откако разговаравме со Јагањац и со неговиот менаџер, се договоривме тој да замине на позајмица во Рајн-Некар Левен“, изјави првиот човек на Киелце, Бертус Сервад.

Хрватскиот репрезентативец на почетокот на кариерата го носеше дресот на скопски Металург, од каде се пресели во Нексе.

Се вчитува...