Јагањац: Вардар се нудеше да биде елиминиран, но сами сме си виновни

Нексе беше многу блиску до сензација, да го елининира европскиот првак Вардар и актуелен освојувач на трофејот во СЕХА-лигата, тимот на Вардар, во четвртфиналната пресметка за пласман на Ф4 во Задар. Хрватскиот тим имаше четири гола предност (20-24) на пет минути до крајот, но, на крајот обезбеди само пирова победа од еден гол разлика, која не беше доволна за елиминација на „црвено-црните“.

„Делувавме премногу исплашени, посебно во решавачките моменти. На отвoрањето на вториот дел не успеавме да прекршиме резултатот. Сами сме виновни, Вардар се нудеше да биде елиминиран. Промашија неколку топки на празен гол во ситуација кога бевме седум на шест, а ние тоа не успеавме да го искористиме доволно добро. Имавме шест седум напади за да се одвоиме. Тогаш не успеавме, успеавме дури при крајот, но Вардар се врати. Вака беше и во Хрватска. Водевме 27-22 и на крајот Вардар се врати и победи со еден гол разлика. Повторно Вардар во финишот беше подобар и заслужено оди понатаму. Ние сами сме виновни за елиминацијата“, изјави Халил Јагањац.

Се вчитува...