Јаго во војна со навивачите на Звезда: Не сте го заслужиле тоа од мене

Не му беше лесно на  Бразилецот Јаго дос Сантос во Црвена Звезда оваа сезона, толку многу што по дебито за Виртус се скара со навивач на црвено-белите на Инстаграм.

Звезда се збогува со Јаго минатото лето, потоа беше вратен поради бројни проблеми со повреди, а неодамна повторно си замина, откаок се пресели во Виртус и на дебито во италијанското првенство, запиша 12 поени, 6 скока и една асистенција во победата над Тортона.

„Тоа не го направи ни тука во АБА лигата“, гласеше коментарот на српски јазик под објавата на Виртус.

„Мора да е затоа што не си го заслужил тоа. Проблемот не се вистинските навивачи, туку оние кои ми праќаа пораки велејќи дека треба да го напуштам клубот и кои ми посакуваа штета мене и на моето семејство. Тоа ги преминува сите граници.“, одговори Бразилецот.

Се вчитува...