ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари максимално подготвени го дочекаат претстојниот дуел со Австрија (15.30 часот) на кој избраниците на Кире Лазаров ќе се обидат да врзат две победи на едно големо натпреварување.
Примарната цел е остварена со самиот пламан во главната рунда, но со игрите што ги прикажаа нашите ракометари покажаа дека можат да се носат со врвни репрезентации и сега сакаат да го повторат и на наредните три дуели во Вараждин.
„Подготвени сме за она што ни претстои во оваа главна рунда. Почнувавме со Австрија, тоа е одлична репрезентација што игра квалитетен ракомет, нешто што го покажа на претходното првенство. Ова е главна фаза од светското првенство и веќе нема лесни противници, но сето тоа е само мотив плус за нас, да излеземе на терен и да одиграме најдобро што знаеме“, изјави Томи Јагуриновски.
Десниот бек се осврна и на претходниот наптревар против Гвинеја на кој нашата селекција стигна до рутинска победа.
„Не беше така лесно како што изгледаше, тој дуел со Гвинеја беше клучен и за двете селекции и знаевме дека немаме место за грешка. Влеговме максимално фокусирани, одигравме квалитетен натпревар, во првите дваесетина минути промашивме неколку зицери, нивниот голман одлично бранеше, но потоа го скршивме тој отпор и заслужено славевме“, истакна Јагуриновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА