Јагуриновски и Аларов од Пролет потпишаа со РК Вардар

Репрезентативецот на Македонија, Томислав Јагуриновски и повремениот член на репрезентацијата Михаил Аларов во пролетниот дел од сезоната ќе играат за Вардар. Управата на Вардар се договори со скопскиот суперлигаш Пролет каде досега играа двајцата ракометари да се преселат во СЦ „Јане Сандански“ и да му помогнат на тимот во одбрана на двојната титула.

Двајцата ракометари требаше да дојдат во Вардар од јуни, и да останат две сезони. Сега порано ќе го облечат шампионскиот дрес на „црвено-црните“ и ќе имаат шанса побрзо да се вклопат во играта на Вардар.

Михаил Аларов веќе тренира со тимот, а Јагуриновски се очекува да се приклучи по завршувањето на настапот на СП во Полска каде тој е со репрезентацијата на Мкедонија. Јауриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, и тој е дете кое потекнува од школата на клубот. По една полусезона мината на Исланд се врати во Македонија, а од следната сезона пак ќе биде дел од Вардар. Игра на позиција на десен бек, а по потреба може и да игра како десно крило. Леворакиот играч веќе е стандарден дел од репрезентацијата на Македонија. Михаил Аларов важи за еден од најперспективните пивотмени во првенството.

Се вчитува...