Јаховиќ е трансферна цел на Бурсаспор

Бурсаспор го постави Адис Јаховиќ како прва трансферна цел во јануари, доколку се ослободи место за странец во својата екипа. Според информациите, оваа екипа веќе остварила контакти со Јаховиќ за негов трансфер во овој тим.

Меѓутоа трансферот ќе зависи од тоа дали и кои играчи ќе си заминат од овој клуб, односно ќе треба неколку странски фудбалери кои не ги задоволија очекувањата да заминат од клуботр.

Бурсаспор имаше преговори за Јаховиќ и во минатото, како на пример на почетокот на сезоната кога не дојде до трансфер, а една од причините беа токму преголемиот број на странци во екипата. Но, исто така е прашање дали и Јаховиќ ќе се согласи на трансфер, со оглед дека Бурсаспор се натпреварува во втората по ранг лига во Турција, и тоа е во долниот дел на табелата.

Се вчитува...