Изненадувачки беше фактот што македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ, од судијата Чунејт Чакир ги побара картоните. Тоа се случи по натпреварот Касимпаша – Гезтепе, на кој Македонецот беше стрелец. По натпреварот Јаховиќ објасни зошто ги барал картоните од Чакир.
„Мојот син е фан на Чакир и многу го сака. После натпреварот му ги побарав картоните, и тој со задоволство ми ги даде. Синот ќе се израдува. Ќе сторам се за него“, изјави Јаховиќ.
Ya adis jahovic keşke sen olsam https://t.co/8NRSwbL94U
— Ruud van Umutelrooy (@balsoyle) October 17, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА