Македонскиот репрезентативец, Адис Јаховиќ, и покрај најавите за останување во најсилната лига на Турција, на крај одлучи кариерата да ја продолжи во турскиот второлигаш Бодрумспор.
По долги преговори двете страни пронајдоа заеднички јазик за меѓусебна соработка. Бодрумспор е амбициозен клуб кој најавува и борба за местата кои водат кон најсилната турска лига.
Како нова дестинација на Јаховиќ изминатиов период се спомнуваа и Генчербирлиги, Самсунспор и Гиресунспор, но се одлучи за Бодрумспор. Претходно во кариерата во Турција има настапи за Коњаспор, Јени Малатија и Анталијаспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА