Јаховиќ пред потпис со Пендикспор

Новиот член на најелитната лига во Турција, тимот на Пендикспор го посакува македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ во своите редови, пишуваат турските медиуми.

Се шпекулира дека тимот од Истанбул има и дил со искусниот голгетер, кој е пред останување во Турција и тоа би му бил петти клуб во оваа земја откако претходно настапуваше и за Коњаспор, Малатијаспор и Анталијаспор.

Јаховиќ би заминал во Пендикспор како слободен агент, со оглед дека му истекува договорот со Гезтепе. Тој е во Турција веќе шеста сезона, откако во 2016 година пристигна во Гезтепе. Претходно беше дел од Крилја Советов, Ријека, Ворскла, Цирих, Вил, Сараево, Вележ, Железничар, а во Македонија играше за Македонија ЃП и Металург.

Се вчитува...