Јаховиќ промаши 100% шанса, па лутината ја „истури“ на стативата (ВИДЕО)

Гезтепе играше 1:1 со Адана на домашен терен, а можеше да биде и поинаку доколку македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ реализираше чиста шанса. Тој откако доби топка, беше осамен пред голот, но во најдобра намера да реализира, ја погоди само пречката.

Од лутина за оваа неискористена шанса, Јаховиќ „удри“ по стативата од голот.

Прекрасен гол постигна Балотели во 16. минута, а Гезтепе израмни во 77. минута.

Се вчитува...