Јаховиќ за 10 минути го реши Газиантеп и донесе победа на Гезтепе (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ влезе во гол форма. По голот против Фенербахче, денеска Јаховиќ постигна два гола во рок од 10 минути против Газиантеп, и сам ја донесе победат ана Гезтепе, која е важна за опстанокот на екипата.

Најпрво Јаховиќ реализираше пенал, а потоа после одлична акција стигна и голот за 2-0. На крајот Газиантеп само успеа да ублажи.

Ова беше трета победа на Гезтепе, а Јаховиќ со овие два, сега има вкупно четири гола во турскиот шампионат.

Се вчитува...