Јаја Туре уште една сезона во Манчестер сити

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре, и следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер сити. Тој успеа да најде заеднички јазик со раководството на англискиот премиерлигаш за продолжување на соработката и ќе игра за „граѓаните“ и осма сезона последователно.

Јаја Туре на стартот од минатиот шампионат имаше големи проблеми со менаџерот Пеп Гвардиола, но потоа успеа да се наметне и на крајот заврши како стандарден првотимец. Очигледно дека Шпанецот сериозно смета на него и за следната сезона.

Тој досега има одиграно 299 натпревари во дресот на Манчестер сити и има постигнато 81 голови.

Се вчитува...