Јакимовски – четврто засилување за Македонија ЃП

Македонија ЃП го промовираше и четвртото засилување за пролетниот дел од сезоната, потпишувајќи договор со Михајло Јакимовски.

22-годишниот крилен офанзивец се враќа во клубот откако изминатава година беше дел од исландскиот прволигаш Фрам Рејкјавик. Претходно во својата кариера има настапи и за Металург.

Како што е познато, „лавовите“ досега се подновија и со Бразилците  Паоло Карваљо и Андре Пеналва, како и со поранешниот младински репрезентативец Бенјамин Демир кој дојде од Спартак Суботица.

Се вчитува...