Андреј Јакимовски во голем стил ја почна новата сезона во италијанското првенство, откако со својот Наполи на гостински терен го совлада составот на Рома со убедливи 75-94. Рома, каде еден од сопствениците е и Лука Дончиќ, со големи амбиции влегува во новата сезона, но тимот од главниот град налета на расположените гости од Неапол кои доминираа на теренот и заслужено се радуваа на крајот.
Првото полувреме мина во израмнета борба во која Наполи имаше три поени предност (42-45), но Јакимовски и соиграчите одиграа импресивно во третата четвртина што ја добија со 12-26 и си го трасираа патот до големата победа.
Македонскиот репрезентативец беше незапирлив и со 16 минути за 24 минути игра беше втор стрелец во редовите на Наполи, зад Даутин со 19 поени.
Зад името на Јакимовски останаа запишани и два скока, две асистенции и три загубени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
