Андреј Јакимовски и Тренто се на чекор до апсолутна сензација во италијанскиот шампионат откако поведоа со 2-1 во четвртфиналната серија со Виртус Болоња. Тимот на македонскиот репрезентативец едвај стигна до билет за плејофот, но со одличните изданија дефинитивно покажа дека заслужува метово Топ 8, претходниот меч успеа да направи „брејк“ во Болоња, а вечерва пред своите гледачи го демолираше актуелниот евролигаш со убедливи 102-85.
Охрабрени по одличниот втор меч, кошаркарите на Тренто уште од самиот почеток наметнаа силно темпо добивајќи ја првата четвртина со 23-14. Виртус се обидуваше да се врати, но не само што тоа не се случи, туку Јакимовски и соиграчите од минута во минута ја зголемуваа својата предност, на одмор заминаа со 51-38, а до крајот успеаја да слават со убедливи „плус 17“.
Македонскиот ас одигра квалитетен меч постигнувајќи девет поени за Тренто, надополнети со пет скокови. Најефикасни во победничкиот тим беа Стјуард со 21 и Јогела со 18 поени.
Четвртфиналната серија се игра до три победи, па Тренто ќе има можност на следниот меч, на домашен терен, да стигне до 3-1 и пласман во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
