Еден од најдобрите македонски кошаркари, Андреј Јакимовски и неговиот Тренто имаат негатива од 1-0 во четвртфиналната серија од италијанскиот шампионат против Виртус Болоња откако вечерва загубија на гостински терен со убедливи 102-71.
Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност 32-21. До крајот Болоња само рутински го приведе мечот за конечен триумф од 102-71.
Јакимовски одигра еден просечен натпревар кој го заврши со три поени, надополнети со три скока и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
