Јакимовски има нов клуб, но останува во Италија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски е нов член на италијанскиот прволигаш Наполи Баскет.

Нашиот 25-годишен крилен кошаркар донесе одлука да остане во силното италијанско првенство (Серија А), прифаќајќи ја понудата на амбициозниот клуб од југот на Италија.

Јакимовски претходно ја активираше излезната клаузула од договорот со Тренто, каде што ја помина својата успешна дебитантска сениорска сезона во Европа.За неговите услуги имаше сериозен интерес и од шпанскиот гигант Валенсија, но тој го избра амбициозниот проект на Наполи. Тимот од Кампанија од следната сезона ќе настапува во Еврокупот и ќе биде предводен од искусниот хрватски стратег Јасмин Репеша.

Се вчитува...