Јакимовски: Конечно сум целосно здрав, моја цел е само победа на тимот

Еден од најдобрите македонски кошаркарки, Андреј Јакимовски имаше одличен старт на новата сесзона во НЦАА колеџ лигата.

Тој во победата на неговите Вашингтон Кугарс од 84-55 против Ајдахо, беше убедливо најдобриот поединец во својот тим со 21 поен.

По мечот Јакимовски вели дека конечно е максимално подготвен и целосно здрав…

„Конечно сум целосно здрав, го имав цело лето за да оздравам и да го подготвам телото за новата сезона. Три години се мачев со повреди и се надевам дека тоа е минато и дека ќе биде многу подобро. Задоволен сум од мојата ангажираност, но и од тоа како соиграчите ми помагаа, топката често беше кај мене и добро е што го искористив тоа за доброто на тимот. Мојата најголема цел е да  поммогнам на екипата да победува“, рече Јакимовски.

Се вчитува...