Јакимовски лидер, Вашингтон стејт е „пет од пет“ во НЦАА

Андреј Јакимовски за само неколку месеци се наметна како лидер на тимот на Вашингтон Стејт, но што е уште поважно, оваа екипа под водство на Македонецот реди само победи на стартот од сезоната во НЦАА-лигата.

Вашингтон Стејт синоќа се сретна со Портланд Стејт, триумфирајќи со 69-60 за петта победа во низа на Јакимовски и соиграчите. Нашиот интернационалец мина на теренот 34 минути, најмногу од сите кошаркари во својот тим, притоа релаиззирајќи 12 поени надополнети со седум скока.

Екипата на Андреј Јакимовски е една од двете со скор 5-0 во Пацифик 12 дивизијата од НЦАА-лигата, заедно со тимот на Аризона.

 

Се вчитува...