Јакимовски меѓу Болоња и Валенсија: Сакам да напредувам од година во година

Андреј Јакимовски направи вистински потег кога по враќањето од НЦАА-лигата го избра Тренто за следна дестинација во кариерата, македонскиот репрезентативец блескаше во дресот на италијанскиот клуб и се наметна во кошаркарската јавност во Европа.

Неслучајно, сериозен интерес за да го доведат во своите редови покажаа евролигашите Валенсија и Виртус Болоња, па и самиот Јакимовски е подготвен за нов чекор напред во кариерата, што ќе значи заминување од Тренто летово.

„Сега се насочувам кон работата со репрезентацијата, а амбициите ми остануваат исти како и на сите останати професионалци, да го кревам нивото, да напредувам од година во година. Знам дека клубот веќе имал неколку средби со моите агенти, наскоро ќе го дознаете епилофот. Ова беше интензивна сезона, а топ клубови сега се во игра“, прокоментира Јакимовски во последната изјава дадена за италијанските медиуми.

Се вчитува...