Јакимовски на само еден скок до „дабл-дабл“ во победата на Вашингтон

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски продолжува со победите во дресот на Вашингтон во НЦАА-лигата во САД.

Вашингтон триумфираше против Укла со 77-65, во мечот во кој Јакимовски за 34 минути игра остана само на еден скок до „дабл-дабл“ ефект. Јакимовски натпреварот го заврши со 10 поени, 9 скока и една асистенција.

Најефикасен кај Вашингтон беше Џејлен Велс со 27 поени.

За Вашингтон ова беше 23 победа за второ место на табелата во Пацифик 12 зад екипата на Аризона.

Се вчитува...