Јакимовски одличен, Вашингтон Стејт гази (видео)

Андреј Јакимовски беше во главна улога на синоќешниот дуел меѓу Вашингтон Стејт и Јужна Калифорнија на кој домашниот состав по голема борба славеше со 75-72.

Јакимовски и соиграчите се најдоа во негатива од 13 поени пред крајот на првиот дел, но собраа сили за камбек. Вашингтон Стејт првото водство на мечот го имаше на нецели три минути до крајот, но успеа да ја задржи минималната предност и стигна до значајна победа во трката за првото место во „PAC 12“ дивизијата.

Македонецот беше меѓу најдобрите поединци на теренот, со 18 поени беше најдобар стрелец на својата екипа рамо до рамо со Ватс, а зад името на Јакимовски останаа запишани и пет скокови и една блокада.

Се вчитува...