Јакимовски останува во НЦАА лигата, но следната сезона ќе игра за друг колеџ

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Јакимовски и во следната сезона ќе игра во НЦАА-лигата. Иако постоеше шанса да се врати во Европа, сепак еден од нашите најдобри кошаркари се одлучи да ја искористи и последната сезона во колеџ кошарката.

По одличната сезона во Вашингтон Стејт каде беше четири години тој преминува во редовите на Универзитетот Колорадо Болдер каде ќе настапува за популарните Бафало.

Се вчитува...