Јакимовски со победничко деби во НЦАА-лигата

Еден од најталентираните македонски кошаркари, Андреј Јакимовски, го имаше своето деби во НЦАА-лигата како член на тимот на Вашингтон Стејт. Македонецот, кој неодамна се пресели во САД, доби шанса на паркетот и одигра четири минути на дуелот против Јужен Тексас, што неговиот тим го доби со 56-52.

Јакимовски за времето минато на терен не успеа да се запише меѓу стрелците, но зад негово име на дебито останаа запишани три скока.

Во првиот дел од сезоната, тимот на Вашингтон Стејт се натпреварува во Пацифик 12 дивизијата каде, меѓу другите, е уште УЦЛА, најуспешниот универзитет во кошаркарска конкуренција, со 11 титули.

Се вчитува...