Јакимовски солиден во поразот на Тренто

Еден од најдобрите македонски кошаркари Андреј Јакимовски и неговиот Тренто доживеаја нов пораз во домашниот шампионат откако вечерва загубија од Реџијана со 82-90 во меч од 27. коло.

Гостите беа подобри три четвртини по кои имаа огромна предност, а во финишот Тренто успеа да ја добие последната четвртина само колку да го ублажи убедливиот пораз.

Јакимовски натпреварот го заврши со осум поени, надополнети со пет скока и две  асистенции.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...