Јакимовски заигра како стопер и го сопре најдобриот тим во Грција

Никола Јакимовски е фудбалерот за кого се зборува во првото коло годинава во првенството во Грција. Јакимовски веднаш после новата година го потврди трансферот во Аполон Смирнис, последнопласираниот тим во грчкиот шампионат. Инаку Јакимовски шест месеци беше без клуб откако му беше раскинат договорот со Лариса, но не успеа да најде нов ангажман.

Аполон Смирнис играше на домашен терен со Олимпијакос, моменталниот лидер во грчкиот шампионат кој има огромна предност на табелата, но и владетелот во Грција по бројот на титули. Се очекуваше „дебакл“ на Аполон кој е на последното место, а Аполон остана и без стопер. Така тренреот Џанлука Феста (кој беше сменет по тој натпревар) го стави Јакимовски да игра на стоперската позиција. Изненадувачки со оглед дека во минатото Јакимовски играше на левокрилната позиција, а потоа и како лев бек, но никогаш како стопер. Меѓутоа тој одлично си ја заврши работата, ги сопре налетите на Олимпијакос за тој меч да заврши 0-0.

Јакимовски во одредени медиуми се најде и во тимот на колото, по одличниот настап против шампионот и актуелен лидер на табелата, и најтрофеен клуб кај нашиот јужен сосед.

Се вчитува...