Јакимовски заминува за САД: Вашингтон Стејт – ново поглавје во кариерата

Големиот тален на македонската кошарка, Андреј Јакимовски, и дефинитивно ќе ја продолжи својата кариера во САД, како член на кошаркарската екипа на Универзитетот Вашингтон Стејт. Јакимовски досега настапуваше во Италија, каде имаше извонредни бројки во младинските категории, што беа препорака за негова преселба во реномираниот универзитет од другата страна на Атлантикот.

Јакимовски на својот фејсбук профил потврди дека заминува за САД, избирајќи го 23 како број на дресот за наредната сезона.

„Премногу сум возбуден што ќе бидам дел од кошаркарскиот дел на Вашингтон Стејт во наредната сезона. Јас едвај чекам да започнам ново, возбудливо поглавје во мојот живот и кошаркарската кариера. Пред мене има многу пречки што ќе треба да ги прескокнам. Но со напорна работа и посветеност, се надевам дека ќе имам неверојатно време да играм кошарка за Вашингтон Стејт. Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Смит и на неговиот тренерски персонал за можноста што ми ја даде да се градам како личност, спортист и студент. Силно верувам дека ја донесов вистинската одлука официјално да станам дел од тимот“, напиша Андреј Јакимовски.

Се вчитува...