Јакини нов тренер на Фиорентина

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина го назначи Џузепе Јакини за нов шеф на стручниот штаб. Тој ќе го наследи Винченцо Монтела на клупата откако се договори со раководството на клубот за 18-месечна соработка.

Монтела доби отказ по низата лоши резултати на тимот во изминатиот период.

„Фиорентина објавува дека Џузепе Јакини е нов тренер на „виолетовиот тим“. Јакини ќе и биде претставен на јавноста на прес – конференција на 28 декември, а ден подоцна ќе го одржи и првиот тренинг со екипата“, објави Фиорентина на официјалниот сајт.

 

Се вчитува...