Јакобсен шокиран: Не дојдовме со кренати носеви, но вакво нешто не очекувавме…

Данскиот селектор Николај Јакобсен не можеше да поверува што го снајде неговиот состав на денешното гостување во Скопје, откако светските прваци апсолутно заслужено беа поразени од Македонија.

Јакобсен не верува дека станува збор за потценување н противникот од страна на неговите избраници, но потенцираше дека е непријатно изненаден од она што го видел на теренот.

„Не се подготвувавме за вакво нешто, ниту пак очекувавме дека може да ни се случи ваквата работа. Немаше потценување, не дојдовме во Македонија со кренати носеви. Сепак, она што очекував да го одиграме, не го видов на теренот. Имам голем број на натпревари како селектор, ова дефинитивно ми е еден од оние кои нема да ги паметам по добро“, изјави Јакобсен.

Се вчитува...