Досегашниот играч на Пелистер, крилниот напаѓач Јакуп Бериша е нов член на албанскиот тим Кукеси. 22-годишниот фудбалер потпиша три години договор со тимот, со што ова ќе биде прв интернационален предизвик за него.
Бериша потекнува од фудбалската школа на Вардар, играше и за првиот тим на „црвено-црните“, а потоа замина во Шкендија. Од таму потпиша за Шкупи, па последната сезона ја мина во Пелистер.
Претходно за Кукеси потпиша Антонио Илиески, кој дојде од екипата на Ренова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА