Јамал е машина за правење пари, само во една клупска продавница неделно се продаваат повеќе од 1.000 дресови со неговото име

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, продолжува да ги руши рекордите на и надвор од терените. Дресот со неговото име е најпродаван дрес на играч на Барселона втора година по ред, пишува „Спорт“.

Откако ја „облече“ култната „десетка“ на Барселона, дресот со неговото име се продава трипати побрзо од неговиот најблизок конкурент во каталонскиот тим, Рафиња.

Само во една официјална клупска продавница се продаваат повеќе од 1.000 дресови на Јамал за една недела по цена од 195 евра.

По Јамал и Рафиња, трет најпродаван дрес е тој на Педрим а на четвртото место е Пау Кубарси, додека петти најпродаван дрес е тој на Родри.

Се вчитува...