Барселона е подготвена да активира вистинска летна трансфер бомба. Ламин Јамал и Нико Вилијамс веќе и донесоа голема радост на Шпанија и титулата европски првак.
А сега можно е од есен да ги видиме заедно во дресот на Барселона. Имено, спортскиот директор на „Блауграна“, Деко денеска во Барселона се сретнал со агентот на Нико Вилијамс, Феликс Тајнт и ги започнал преговорите околу доаѓањето на 22-годишниот фудбалер на „Камп Ноу“.
Вилијамс целата своја досегашна кариера ја мина во Атлетик Билбао, со кого има договор до летото 2027 година, но Барса е подготвена да ја активира откупната клаузула вредна 62 милиони евра и да го доведе левото крило на шпанската репрезентација.
Никој не беше блиску до Барселона минатото лето по Европското првенство, но тогаш трансферот не се реализираше.
Сега Барса има конкуренти за брзоногиот напаѓач во форма на Баерн и Арсенал кои исто така пројавија интерес да го доведат, но се чини дека Барса има најголеми шанси, бидејќи самиот играч сака да остане во родната земја. Сето ова го најави и Ламин Јамал кој што на својот инстаграм профил објави фотографија со Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА