Јамал за „Златната топка“: „Нема да молам никого…, знам само дека Дембеле не ме сака“

Шпанскиот репрезентативец Ламине Јамал, на прес-конференцијата пред натпреварот меѓу Барселона и Феенорд во првото коло од Лигата на шампионите, ​​се осврна и на можноста да ја освои годинашната  „Златна топка“

Еден од главните кандидати за престижната награда истакна дека одлуката ја носат новинарите, но верува дека има реална шанса да стане најдобар фудбалер во светот.

„Не одлучувам јас, туку вие. Она што ние како клуб и репрезентација го направивме е неверојатно. Ако тоа се случи, првото нешто што ќе го направам е да им се заблагодарам на моите соиграчи во Барселона и на шпанската репрезентација. Мислам дека имам шанса, ќе видиме“, рече Јамал.

Младиот фудбалер нема намера да води јавна кампања за да ги убеди гласачите дека ја заслужува наградата.

„Не мислам дека треба да го правам тоа, ниту пак размислувам за тоа. Горд сум на мојот клуб и репрезентација. Ние сме светски шампиони, не можам да побарам повеќе од тоа. Тоа е ваша работа. Во секој случај, нема да молам никого.“

Јамал ​​потоа со насмевка одговори на прашањето кој не би го вклучил него во првите тројца играчи во светот.

„Кој не би ме ставил во првите тројца? Дембеле? Тој е пријател на Килијан, нели? Многу пати сум играл против нив двајца заедно, но сигурно не ме сакаат од некоја причина. Иако се сложувам многу добро со Усман“, рече Јамал.

Шпанецот алудираше и на два големи триумфа над Франција. „Црвената фурија“ ги победи Французите со 2-0 во полуфиналето на Светското првенство, додека претходно беа подобри со 2-1 во полуфиналето на Европското првенство во 2024 година, кога Јамал ​​постигна спектакуларен гол.

Барселона ќе ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите со натпревар против Феенорд, а токму Јамал ​​ќе биде еден од најголемите адути на каталонскиот клуб.

Се вчитува...