Јанакиевски се врати во Тетекс

Иво Јанакиевски повторно ќе го облече дресот на второлигашот Тетекс. Офанзивецот пред два месеци замина во грчкиот клуб АЦ Халкис, но откако Грците не исполнија одредени услови од договорот искусниот фудбалер се одлучи за враќање во Македонија.

Веднаш повторно следеше понуда за враќање во редовите на „штофарите“ и се договори до крајот на сезоната повторно да биде дел од Тетекс.

Јанакиевски денеска се приклучи и на тренинзите на тимот во очекувањето на викенд продолжението од Втората лига – Запад.

Се вчитува...