Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, е казнет со едногодишна забрана за присуство на натпревари во сите сали на грчката лига, заедно со парична казна од 50.000 евра.
Одлуката ја донесе спортскиот суд ХЕБА по објавите што првиот човек на Панатинаикос ги објави на својот Инстаграм профил за време на четвртиот натпревар од финалната серија против Олимпијакос. Претходно беше кажано дека суспензијата, поради она што се случи за време на четвртиот натпревар од серијата, е шест месеци.
Според образложението, Јанакопулос го нарушил угледот на натпреварувањето со своите изјави и ги прекршил дисциплинските правила на грчкото првенство. Казните не завршија тука. Поради постапките на неговиот сопственик, Панатинаикос беше дополнително казнет, а ќе мора да плати уште 50.000 евра. Вкупниот износ на санкциите достигна 100.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
