Синоќа Панатинаикос го победи Олимпијакос со 68:58 во вториот натпревар од финалната серија од плејофот на грчкото првенство и израмни на 1:1 во победи , но повторно не можеше а да не им се развика на судиите, во кои поведе Димитрис Јанакопулос, првиот човек на атинските „зелени“.
За време на натпреварот, камерите го „уловија“ како влегува на паркетот, викајќи им на судиите, а снимена е и една од навредливите пораки упатени до нив.
„Не му дадовте техничка Барцокас, е*ете се“, грмеше Јанакопулос.
И по завршувањето на натпреварот, како што обично се случува, Јанакопулос се огласи на Инстаграм, каде во една од своите објави негодуваше што неговите реакции се снимени, обраќајќи се до надлежните во телевизијата ЕРТ.
„Господине Лепениотис, кога Фурние ги покажа своите гениталии пред навивачите на Панатинаикос, дали инцидентот беше емитуван на јавната телевизија?“, напиша Јанакопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
