Јане Николоски е нов тренер на прилепска Победа

Поранешниот македонски репрезентативен голман Јане Николоски е нов тренер на второлигашот Победа од Прилеп, а на тоа место доаѓа по оставката на стратегот Филип Мирчески по слабиот старт на сезоната во ВМФЛ.

49-годишникот Николоски зад себе има богата фудбалска кариера како голман, а како тренер беше дел од младинскиот тим на Победа, потоа АЕЛ Лимасол, Хоризонт Турново, Победа, Слога Виница, Борец…

Пред да се врати на кормилото на Победа, Николоски беше и директор во редовите на Шкупи. Победа во моментов се наоѓа на 11. место во ВМФЛ иако амбициите пред стартот беа враќање во елитата.

Се вчитува...