Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски, како што веќе најави ЕКИПА, ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Вардар. Тој треба да потпише двегодишен договор со клубот наследувајќи го Гоце Седлоски на клупата на шампионот.
Јаневски доаѓа назад во Македонија по последниот ангажман што го имаше во Беверен во Белгија, а за првпат ќе има клупски ангажман во Македонија откако “побегна” од националниот тим за да потпише со белгиски Монс.
На првиот меч со Фенербахче тимот најверојатно ќе го води Александар Васоски иако постои можност и Јаневски веднаш да седне на клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА