Јаневски: Не е лесно да се победи во Битола, а ние успеавме

Вардар успеа да слави во вечното дерби против Пелистер со 0-1, со голот на Дејан Блажевски во 31.минута. Шампионот успеа да искористи една од своите шанси под „Тумбе кафе“, иако не прикажа доминантна игра. Но, како што вели тренерот Чедомир Јаневски, не е лесно да се слави во Битола. Тој е задоволен од освоените три бода и истакнува дека ритамот не му дозволува на Вардар да се опушти.

„Драго ми е што сум повторно во Битола. Од овој град излегоа многу добри фудбалери, а со некој од нив и денеска сум голем пријател. Честитки за одличниот прием и добрата атмосфера. Имавме одличен терен за игра. Секогаш е тешко да се освојат три бода во Битола, особено што знаеме какво е ривалството помеѓу Пелистер и Вардар. Во првиот дел бевме доминатни и заслужено поведовме. Во вториот дел имавме малку проблем, Пелистер отиде на сè или ништо што се вели, отиде малку понапред, и тука немавме решение во креирањето на нашата игра, и не можевме да дојдеме во ситуација да играме како во првото полувреме. Но, имавме и многу простор во нападот и тој простор мораше да го искористиме, и порано да го решиме победникот. Имавме и една убава шанса кога Барсегјан не успеа да реализира. Вака мораше да се бориме и да бидеме добро организирани до крајот на натпреварот. Овој ритам не е лесен за Вардар, играме натпревари среда – недела – среда. Имаме многу тешки натпревари, затоа и принудени сме да правиме многу ротации во составот. Проблем претставуваат и повредите на одредени играчи. Правиме напори што можеме да менуваме да изротираме за да имаме добри тимови за сите три фронта“, изјави Јаневски по победата во Битола за официјалниот сајт на клубот.

Фото: www.fkvardar.mk

Се вчитува...