Стратегот на Вардар, Чедомир Јаневски може да биде позадоволен од изданието на своите избраници во Норвешка, во однос на дебито во групите од Лигата на Европа против Зенит. Но, Јаневски сигурно не е задоволен од новиот пораз, овој пат од 3-1 од Розенборг во Трондхајм.
Јаневски по натпреварот истакна дека ваквиот резултат, сепак, не ја дава најреалната слика за случувањата на теренот…
„Најпрво сакам да му честитам на Розенборг за победата. Си ги искористија своите шанси па стигнаа до трите бода, но мислам дека ние не заслуживме овој пат ваков пораз. Два од трите погодоци беа само поради наши грешки во одбраната и неискуство од натпревари на вакво ниво. Од друга страна и во првото полувреме, а посебно во второто не реализиравме уште неколку одлични шанси за гол. На крајот, мора да извлечеме одредени поуки и секако пред се и психолошки подобро да се подготвиме за следните предизвици на европската сцена. Но, сигурен сум дека ако продолжиме вака бодовите на некој од следните натпревари ќе дојдат“ – истакна Јаневски на прес-конференцијата по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА