Јаневски презеде одговорност: Јас сум виновен за поразот, Сосиедад покажа класа

Вардар и во третиот натпревар во Лига Европа доживеа убедлив пораз. Овојпат тимот на Чедомир Јаневски е поразен и најубедливо, со 0-6, пред своите гледачи на арената „Филип Втори“. Реал Сосиедад покажа врвна класа, а тренерот ја презеде одговорноста и вели дека тој е виновен за поразот.

„Јас сум виновен за денешниот дебакл, и сакам да им се извинам на навивачите. Ова е тежок пораз, и за мене, и за Вардар. Реал Сосиедад успеа да постигне гол од првата шанса, по што ние имавме можност да израмниме. Не успеавме, а потоа гостите погодија уште два пати до полувремето. Покажаа класа, мора да се признае. Тие имаат силни натпревари секоја недела. На крајот, сакам уште да се извинам за овој пораз“, изјави Чедомир Јаневски на прес – конференцијата, обидувајќи се да ги заштити фудбалерите.

Се вчитува...